DSC_0415-1024x575

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија во „Куќата на Фудбалот“ се одржа  прв работен состанок  помеѓу селекторот на националниот тим Бошко Ѓуровски, кординаторите на младинските фудбалски екипи и селекторите на младинските репрезентации.

Состанокот го отвори кординаторот на сите младински селекции Зоран Стратев, кој во воведниот говор го поздрави новиот селектор и му посака успешна работа во наредниот период.

Селекторот Ѓуровски уште еднаш се осврна  на националната стратегија и употребата на науката во фудбалот почнувајки уште од најраната возраст,  барајки од кординаторите доследно да ја спорведуваат во својте клубови.

На состанокот беа презентирани и новите предлог правила на фудбалската игра, кој во моментот се применуваат во детските лиги  во организација на Фудбалската федрација на Македонија.  Преку креативна дебата  помеѓу сите координатори  на младинските лиги, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и селекторот Бошко Ѓуровски во  периодот што следува се очекува уште помасовна примена на предлогот за измените на правилата на фудбалска игра, пренесува ФФМ.